Skip to main content

Совет на Општина Охрид

Бурна расправа седницата на Советот за извештаите од работата на јавните претпријатија

Генерално позитивни извештаите од работењето на јавните претпријатија во вториот квартал од годинава.
 |  Голабовски Крсте  | 
Советници

Генерално позитивни извештаите од работењето на јавните претпријатија во вториот квартал од годинава. ЈП „Билјанини извори“ и ЈП „Градски Гробишта“ оствариле најголема добивка во овој квартал. Според опозицијата во градскиот совет, оваа слика е резултат на зголемувањето на цените на услугите кои јавните претпријатија им ги нудат на граѓаните, односно, зголемените цени за паркинг, зголемување на бројот на паркинзи и зголемување на цената за гробарина и продажба на гробни места, кажа Живка Ангелоска, координаторка на советничка група на СДСМ.

„Новите повисоки цени на услугите го направија своето кај повеќето јавни претпријатија.Тие се една и единствена причина зошто дел од нив покажуваат позитивни резултати. Имаме две јавни прептријатија кои доколку немаат дополнителна дејност, едноставно не можат да преживеат од својата основна дејност“, – рече Живка Ангелсока – координатор на советничка група на СДСМ.

Претседателот на Советот, Сашо Донев, со објаснување, дека финансиската добивка, претпријатијата ќе ја искористат за исплата на повисоките плати и исплатата на регрес, наметнати како што кажа, од МТСП и Министерката Тренчевска, со потпишувањето на колективниот договор, со кој, од окотмври, треба на вработените во јавните препријатија да им се исплати регрес и за 10% повисоки плати.

„Многу е лесно да се зборува дека ги покачивте цените на услугите за вработените да земаат плата. Е сега, бидејќи ние сме опозиција на централна власт и не бевме исконтактирани, Ве прашувам вас колеги од СДСМ, дали Министерката за ТСП, ве исконтактира и ве праша кога го потпишуваше колективниот договор за јавните претпријатија. Почитувани советници, дали Јавните прептријатија во Охрид имаат пари да исплатат 10% повисока плата и К-15 до Нова година“, – кажа Сашо Донев претседател на Совет на Општина Охрид.

Точките за давање согласност за Годишните планови за вработување исто така предизвикаа бурна расправа. Од опозцијата посочија дека планирани се 58 нови вработувања за 2024 година. Од власта во советот одоговорија, дека програмите за вработување се резултат на систематизацијата за работа на претпријатита, донесена од директорите од претходната власт. Советничката од Левица пак, Виолета Аврамоска, обвини дека двете најголеми партии се виновници за превработеноста, партиските вработувања и акумулираните долгови, бидејќи досега никој не поднесол одговорност за работењето.

„Во праксата во изминативе 30 тина години праксата покажува дека јавните претпријатија во градов се превработени, токму поради партиските вработувања. Што е една од причините за долгот на нашата општина, со кој нашата општина стана една од најзадолжените општини во Република Македонија. Тоа е долг кој ќе треба граѓаните да го плаќаат, криминалот од досегашните корумпирани раководители на јавните претпријатија“, – рече Виолета Аврамоска – советник Левица.

Претседателот на Советот и одговори на советничката Аврамоска, дека кога се формирала коалицијата, од Левица доставиле список со вработувања, што Аврамоска, негираше и побара да го види списокот.

„На таа средба кога договаравме коалиција, покрај список на проекти, донесовте и список на вработувања. Точно е. Смирено и контролирано. Јас ве чекав. Точно е имаме и сведоци и списокот го имаме“, – информираше, Сашо Донев претседател на Совет на Општина Охрид.

Според програмата за вработување, во 2024 треба да се вработат 7лица во ЈП „Нискоградба, 16 во ЈП „Охридски Комуналец“, 5 во ЈП „Градски гробишта“, 9 ЈП „Водовод Охрид“, 15 во ЈП „Билјанини извори“ и 6 во ЈП „Градски пазар“.