Skip to main content

Извештајот за трошењето на буџетските средства на општината, камен на сопнување кај советниците од опозицијата и позицијата

Триесетата седница на градскиот совет обременета со многу точки, но само на дел од нив советниците им обрнаа поголемо внимание. Извештајот за трошењето на буџетските средства на општината ,камен на сопнување кај  советниците од опозицијата и позицијата. Опозицијата со тврдење дека се реализирале нејзините претпоставки за нереална проекција на буџетот, а позицијата со став дека тоа е само чисто политичка критика.

 |  Јаковлева Лионела  | 
sednica
седница

Извештајот за остварување на Буџетот на општина Охрид од почетокот на годината заклучно со месец септември, измената на одлуката за извршување на Буџетот на општина Охрид за 2014 година  и предлог одлуката за донесување на Буџетски календар на општина Охрид за 2015 година, камен на сопнување кај  советниците од опозицијата и позицијата. Опозицијата потенцираше дека сосема е јасно дека имаме извршување на буџетот од 54,5% што значи дека и оваа година буџетот нема да биде остварен онака како што е планиран, рече координаторот на СДСМ, Јован Стојаноски.седница

-За жал ќе има ребаланс на буџетот, а со тоа и скратување на одредени програми кои им се ветени на граѓаните, а нема средства за да се реализираат. Нашите најжестоки дискусии по о ова прашање ќе се на наредната седница кога ќе се гласа за ребаланс на буџетот и кога ќе се потврдат сите наши претпоставки за нереалност на буџетот кој се донесе за оваа година, рече Стојаноски.

Секретарот на општината, Димитар Спасески е дециден дека критиките на опозицијата се чисто политички и немаат воопшто никаква оправданост. Тој тврди дека Буџетот на општината има солидни приходи и неговата проекција воопшто не била нереална. Но, тој дообјаснува дека секојдневно се издвојуваат пари од него за плаќање заостанати долгови. sednica

Навистина ни се чудни тие ставови и сите во јавноста знаат дека краен рок за носење на ребаланс на буџет е 15ти ноември тековната година. Датумот е извесен и однапред утврден и на опозицијата не и требаше многу  наука за да каже дека за две недели ќе имаме ребаланс на буџетот, рече секретарот.

Спасески додаде дека преостанува уште еден квартал во кој најчесто земајќи ги во предвид навијките на граѓаните се користи за исплаќање на заостанатите долгови , а особено процентот на пари кои влегуваат во општинската каса по основ на данок на имот тогаш е највисок. Очекуваме дека буџетот ќе се зголеми на крајот на годината, додава секретарот.

Инаку, покрај тоа што беа изгласани овие точки од дневниот ред, советниците дадоа зелено светло и за петнаесет предлог одлуки за усвојување на извештајот за реализација на програмите од сферата на туризмот, урбанизмот, комуналните дејности, сообраќајот и др.

{loadposition content9}