Чајaнка со основците од училиштето „Христо Узунов“
Културниот центар „Култура 365“ организираше литературно читање со ученици од седмо и осмо одделение.
Чајнка со основците од училиштето „Христо Узунов“. Културниот центар „Култура 365“ организираше литературно читање со учениците од седмо и осмо одделение кои се преставија со свои дела во проза и поезија. Идеата за едно вакво дружење била заедничка бидејќи зимата е период кога повеќе се твори и чита, а се што e напишано добро е да се сподели со публиката и тоа пиејќи топол чај.
Целта на овој настан е да го развиеме и поттикнеме овој потенцијал кој несомнено постои кај младите во овој град и конкретно кај основците. Со оваа чајанка ќе придонесиме за да се почувствува празничната атмосфера и меѓу почитувачите на пишаниот збор, вели М-р Лидија Размоска од културниот центар.
Mладата поетеса Викторија Паноска, вели дека нејзинте другарчиња посветуваат внимание на книгата и пишаниот збор. Таа кажува дека во нивното училиште доста активно функционира литературната секција чии членови пишуваат проза и поезија. Но, Викторија упати апел и до останатите ученици што повеќе да се дружат со книгата.
Мислам дека младите треба повторно да се вратата на книгата и што повеќе да читаат и пишуваат. Со тоа се развива креативноста преку свои творби и свои мисли, вели Викторија.
Од културниот центар „Култура 365“ велат дека и во иднина ќе има вакви литературни читања со деца од другите училишта. На овај начин покрај што се дружат учениците ќе стекнат и самодоверба пред публика да ги читаат своите дела.
{loadposition content9}