Skip to main content

Царинската управа започна да го промовира концептот овластен економски оператор

Новиот инструмент овластен економски оператор ќе ги олеснува царинските процедури  на деловната заедница во земјава.  Македонските компании во меѓународниот синџир на снабдување ќе бидат признаени како безбедносни и сигурни со усогласени и ефикасни царински процедури. Царинската управа започна да го промовира концептот кој е дел од измените на Законот за царина.

 |  Валентина Неловска  | 

Транспортерите, увозниците, извозниците, производителите и шпедитерите може да аплицираат за добивање уверение за овластен економски оператор. Со уверението кое ќе го издава Царинската управа на РМ ќе се олеснуваат царинските процедури. Македонските компании во меѓународниот синџир на снабдување ќе бидат признаени како безбедносни и сигурни со усогласени и ефикасни царински процедури. Станува збор за програма која воспоставува партнерски однос меѓу царината и деловната заедница информира Ѓоко Танасоски директор на Управата за Царина на РМ.

„ Погодностите кои ги добиваат со овој вид на одобренија се многубројни. Некои од нив се приоритетен третман при преминување на границит, скратување на времето за изведување на царинска постапка, намалување на бројот на физички и документарни контроли “, наведува Танаскоски.
Овластен економски оператор е меѓународна призната мерка за квалитет. Овој вид на безбедносни и сигурносни мерки се воведуваат за прв пат во земјава. Засега до Управата за царина само две компании аплицирале за добивање на вакво уверение.

„ Сега почнуваме со промовирање на овој вид концепт. Сеуште е непознат на компаниите и не се доволно свесни за погодностите кои произлегуваат од овој концепт. Ова е иднината врз која ќе се темели користењето на поедноставени царински постапки при нашето членство во Европската унија“, подвлекува Танасоски.

Овластен економски оператор е дел од измените на Законот за царински постапки кои се спроведуваат во 2018 година. Направени се врз легислативна основа за спроведување на прирачници и уредби за компаниите. Согласно акцискиот план за регионалната економска зона донесен е на самитот во Трст за членките од Западен Балкан. Првично со него ќе се овозможи меѓународно признавање на концептот во Цефта регионот, а потоа и во Европската унија.