Skip to main content

Општинска власт

Чекоштина Урбан со отворено писмо до Пецаков

До медиумите пристигна отворено писмо од Здружението „Чекоштина Урбан“ до општинската власт и градоначалникот Кирил Пецаков.
 |  инфодеск  | 
Чекоштина Урбан

Здружението Чекоштина Урбан со отворено писмо испратено до медиумите се обраќа до општинската власт и градоначалникот. Пишуваат за игнорантски однос од страна на локалната власт и бараат решавање на урбаните проблеми во населбата.

Три години здружениево се обидува да воспостави комуникација со општинските власти, со цел да почне решавање на основните потреби на населението од овој дел од градот.
Вашиот претходник вети дека ќе спроведе неколку проекти, но тоа ни од далеку не се случи. Дури со еден протест и блокада на патот Охрид-Струга го изразивме нашето незадоволство од игнорантскиот однос на локалната власт. Не е тешко да се досетите: сето се заврши без да допре до свеста за нашите маки зашто е поважно да се гради рејтинг со политикантски опортунистички интервенции. Бесрамно игнорирање!

Не очекувавме дека и Вие ќе го практикувате истиот стил. Откако разговаравме во Вашиот кабинет, откако изјавивте дека сте практичен човек за конкретно дејствување, откако се договривме да подготвиме листа на приоритетни потреби, а Вие со Вашите соработници ќе разгледате што, како и кога да се направи – поминаа осум игнорантни месеци! Дури и поканата да се запознаете со пролемите на лице место не ја сфативте сериоизно.
Во такви околности, одлучивме со сопствени средства да го прошириме патот од Алтанин мост до Сончева порта, како мошне фреквентен и истовремено тесен и опасен. Фреквенцијата нарочно се зголеми со асфалтирањето на кракот од Сончева порта кон Орман. За проширувањето потрошивме околу 90.000 денари. Се разбира дека тоа не е доволно, но засега толку можевме. Затоа, меѓу првите инвестициски зафати во Општината би требало да е негово уредување, како дел од постоечкиот урбанистички план.

Бидејќи ова што го направивме беше должност на Општината, Ве повикуваме средствата што ги вложивме да ни бидат рефудирани на с-ка 210-0740346101-65 кај НЛБ банка.
Повторно Ве покануваме да не известите кои се плановите за вложување во ова месност, како добра волја за понатамошна соработка
– стои во писмото на Чекоштина Урбан.