Skip to main content

Челните луѓе на ВМТО-НП со противаргументи до општинската ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на општинскиот комитет на Вмро НП, Ванчо Костоски на прес конфренција ги отфрли обвинувањата за политичко профитерство упатени на нивна адреса од страна на претседателот  на општинскиот комитет на ВМРО -ДПМНЕ, Атанаско Михаилов.

 |  Валентина Неловска  | 
vmro-np
вмро-нп

VMRO_NPПретседателот на општинскиот комитет на Вмро НП, Ванчо Костоски на прес конфренција ги отфрли обвинувањата за политичко профитерство упатени на нивна адреса од страна на претседателот  на општинскиот комитет на ВМРО -ДПМНЕ, Атанаско Михаилов.
Како партија ќе бевме радосни ако разговаравме за позитивни работи, а не да излегуваме со контра обвинувања кои ќе наликуваат на маалски озборувања, истакна Костоски. Ќе беше подобро ако со ВМРО-ДПМНЕ разговараме за решавање на проблемите на локално и централно ниво. Задоволни ќе бевме доколку заедно ги решававме катастрофалните проблеми во областа на здравството, за подобрување на лошата магистрална патна инфраструктура која води до Охрид, за незавидната положба на вработените во ЕМО, како и за конструктивност во работата на градскиот совет.
„ВМРО-НП работи и ќе работи конструктивно во советот, а не како советниците од ВМРО-ДПМНЕ кои се заколнале дека ќе ги отфрлаат и нема да гласаат за ниедна точка од дневниот ред на седниците на советот “ истакна Костоски. Тој ги отфрли обвинувањата упатени до нив  за политичко профитерство и упати контра аргументи до претседателот  на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Атанско Михаилов.
„По 3 дена од неговото назначување за претседател, неговата сопруга од средното угоститеско училиште стана просветен инспектор иако има многу други образовани кадри, истакна Костоски. Лесно може да се провери кој од нашето потесно семејство е вработен. И ние можеме да го сториме тоа доколку не размислуваме за партијата, идеологијата и интересот на граѓаните“ нагласи тој.   
Јоне Станкоски советник од редовите на ВМРО-НП истакна дека тројцата советници од редовите на нивната партија работат конструктивно во советот.       „Ние работиме во интерес на граѓаните, па и на нив ќе им препуштиме да дадат отценка кој за кого работи“ рече Станкоски. Тој го повика Михаилов на ТВ дуел, на медиум и новинар кој ќе го избере тој за како што рече еднаш за секогаш да ги расчистат сите поранешни и сегашни дилеми. Првите луѓе на Вмро НП при тоа порача дека нивниот општински комитет и покрај заканите упатени од Вмро Дпмне нема да биде уништена иако во изминатиот период претрпеле тешки моменти.
{loadposition content9}