Санирана комплетната инфраструктура на плоштадот кај Мини маркет. Екипи на ЈП “Водовод” -Охрид извршија санација на водоводните системи и фонтаните. Се изврши чистење на одводните мрежи и се изврши целосна санација на системот за јавно осветлување. Поставени се и нови клупи и канти за отпадоци и се санираа оштетувањата на амфитеатарот.
„За првпат откако е изграден се изврши комплетна санација на плоштадот. Со овие зафати се врати повторно убавиот изглед на Плоштадот и можноста повторно да прерасне во урбано катче за дружење на граѓаните“ – напиша градоначалникот Кирил Пецаков во објавата на Фејсбук.