Од ЈЗУ Општа болница Охрид информираат дека после долг период, во кругот на ОБ Охрид беше решен еден од проблемите кој ги засегаше како пациентите така и вработените во оваа установа.

–По налог на Општина Охрид изминатиот викенд се изврши интервентна санација на ударните дупки во кругот на ОБ Охрид, а се изврши и целосно асфалтирање на патот пред комерцијалната зграда во која покрај техничките служби се сместени и одделенијата за радиологија, физикална медицина, трансфузиологија и биохемиска лабораторија, велат од ЈЗУ Општа болница Охрид.


В.Д. Директорот спец Д-р Горан Маркоски изрази благодарност до Општина Охрид и градоначалникот Д-р Кирил Пецаков со чија помош и поддршка се реализира овој проект.
