• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Цените за паркинг, користење на спортската сала и базенот, сидриштето за кајчиња и катамарани остануваат исти

Јавно претпријатие билјанини извори

Цените за паркинг, користење на спортската сала и базенот, сидриштето за кајчиња и катамарани остануваат исти

Цените за користење на Спортската сала и базенот, паркинг просторите, сидриштето за кајчиња и катамарани остануваат исти, информираат од ЈП „Билјанини извори“.
 |  инфодеск  | 
Паркинг

ЈП „Билјанини Извори” ја известува пошироката охридска јавност дека на ден 27 декември 2022 година на седница на Управниот Одбор на јавното претпријатие е донесена одлука за Дополнување и измена на одлуката за утврдување на цените за спортските објекти и паркинг просторите со кои стопанисува ЈП „Билјанини Извори”.

Одлуката деновиве е доставена до Советот на Општина Охрид на усвојување и поради тоа сакаме да Ве известиме за содржината на истата и секако за потребата за носење на ваква одлука. Иако одлуката не е официјално донесена, за тоа треба да се изјаснат позитивно советниците на Советот на Општината, ние како нејзин предлагач почувствувавме потреба да ја објавиме и објасниме пред охридската јавност – информираат од ЈП „Билјанини извори“.

Имено, ЈП „Билјанини Извори” и нејзиниот менаџмент веќе подолг период прават пресметки и калкулации во однос на финансиските потреби и обврските на јавното претпријатие визави целокупната економска ситуација во нашата држава со посебен акцент на финансиската состојба на граѓаните на Охрид.

Во таа насока донесовме предлог решенија кои ги доставивме до управниот одбор на усвојување, и кои се однесуваат на дополнување и измени на одлуката за утврдување на цените за спортските објекти и паркинг просторите со кој ние стопанисуваме. Предлог одлуките кои се посебно за истакнување се однесуваат на измени и дополнување за користење на јавниот паркинг во Премиум зона, времетраењето на периодот за летна и зимска наплата, како и измени на надоместокот за користење на сидриштето за паркирање на пловни објекти – велат од ЈП „Билјанини извори“.

Предлог измени и дополнувања кои посебно се од интерес на јавноста:

1. Паркинг за еден час во Премиум зона зимска наплата – од 60 денари се намалува за 50% и ќе изнесува 30 денари за еден час.

2. Измена на летен и зимски период на наплата, предлог одлуката го изедначува времетраењето на двата периоди и сега летниот период за наплата ќе е од 01. 04. до 30. 09. додека зимскиот период од 01. 10. до 31. 03.

3. Предлог измените за надоместок за користење на сидриште кои предвидуваат зголемување на месечниот и годишниот надоместок се однесуваат само на луксузните пловни објекти (глисери и јахти) и тие кореспондираат со тековните пазарни цени. За кајчиња и катамарани надоместокот останува ист.

„Менаџментот на јавното претпријатие ќе има можност потемелно да ги образложи предлог измените и дополнувањата пред советниците така што ова известување посебно е наменето за граѓаните на Охрид и нашиот транспарентен и коректен однос кон нив. Кога на маса имате многу нерешени проблеми, нестабилен финансиски период, секојдневна инфлација тогаш како менаџмент морате да носите решенија кои предвидуваат долгорочна заштита на јавниот интерес кој го застапувате. Заштитата на спортскиот интерес на градот, заштитата на интересот на граѓаните на Охрид кој можете да го препознаете и во овој предлог не е лесно да го постигнете а притоа да менаџирате рентабилно со јавно претпријатие, но ние сме одлучни и максимално посветени во таа насока. Не секогаш кореспондира интересот на јавниот субјект со општиот интерес но со овие предлог измени убедени сме дека правиме прагматичен исчекор кон заштитата на целокупниот наш заеднички охридски интерес. И покрај сите предизвици пред кои сме исправени (електрична енергија, покачување на минималната плата, потребите за градскиот базен, драстичен раст на цените на потрошниот материјал), сакаме да потенцираме дека услугите кои најповеќе ги засегнуваат охриѓани, месечен паркинг билет, дневен паркинг билет, користење на спортската сала, користење на градскиот базен, надоместок за сидриште за кајчиња и катамарани остануваат исти, додаваат од Јавното претпријатие.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top