Skip to main content

Центарот за депресија во Охрид започна со работа, охриѓани недоволно информирани за неговото постоење

Секој кој има проблем од психолошка природа, потреба од советување или разговор, еднаш неделно тоа може да го направи токму во овој центар сместен во просториите на Итната медицинска помош.

 |  Мишел Наумоски  | 
depresija
депресија

До 2020 година депресијата ќе биде втора болест по честотата на јавување, по кардиоваскуларните заболувања, а антидепресивите и сега се меѓу најпродаваните лекови. 

depresijaСекој човек барем еднаш во животот поминува низ период на депресија а според официјалните податоци на СЗО секој 4 возрасен човек во светот пати од некоја форма на депресија. Нерасположеност без причина е прв аларм за депресија. Тогаш е од голема важност навремено да се добие  советување, можност за разговор и помош. Ова на охриѓани им го нуди Центарот за депресија кој од месец јануари започна да функционира во една од просториите на Итната медицинска помош. Д-р Јулија Василевска, психијатар при одделението за невропсихијатрија во Општа болница Охрид, е дел од тимот од четири доктори кои ротираат во смени и ги опслужуваат пациентите кои ќе дојдат таму. Д-р Василевска притоа потенцира дека полезноста од овој центар е што за да се оди на преглед или разговор, пациентите не треба да закажуваат мој термин и да имаат упат од матичен.

centar za depresija„Овде, овој центар, не е за пациенти кои се болни од хорнични психички болести. Тие пациенти си се згрижени со „Мој термин“, со прегледи, закажување на редовни контроли овде кај нас, на невропсихијатриското одделение. Овие центри првенствено се наменети за луѓе кои не се имаат лекувано, а чувствуваат било каква потреба за разговор, за излагање на свој проблем, чисто информативно, да се информираат како можат да добијат помош, за пружење на информации и една првична помош.“-вели Д-р Јулија Василевска-психијатар при одделението за невропсихијатрија во Општа болница-Охрид.

Д-р Василевска вели дека одењето на психијатар веќе не се доживува како нешто страшно од страна на граѓаните. Според неа, охриѓани веќе прифатиле дека ако имаат проблем од психолошка природа, треба да побараат помош.

pacienti depresija„Очекувам успешност доколку се анимира популацијата за постоењето на овие проекти. Сеуште не се доволно анимирани. Пак ќе речам, можеби не е до совршенство обработениа техничката поддршка, сеуште така е во просторија на итната медицинска помош, меѓутоа солидно е опремена просторијата, се обезбедува приватност во просторијата, така да тој што ќе дојде таму може да е сигурен дека разговорот помеѓу лекарот и тој што ќе побара помош ќе биде приватен, во адекватна просторија која е тргната настрана. Мислам дека со осознавањето на фактот дека постои таков центар во Охрид, ќе се појави интерес кај граѓаните.“-рече таа.

Д-р Василевска вели дека направени се и првите разговори, сослушувања од страна на тимот психијатри во рамките на Центарот за депресија. Инаку овие центри се пилот проект кој го спроведува Министерството за здравство во соработка со Универзитетската клиника за психијатрија, преку програма за превенција и прифаќање на првичните болни со депресивни симптоми.

{loadposition content9}