Skip to main content

Каде ќе се дислоцира центарот за кардиологија?

Тим од министерството за здравство предводени од министерот ги разгледуваат најдобрите решенија за дислокација на болницата за кардиовскуларни заболувања.

 |  Маленкова Татјана  | 
specijlna Bolnica Sv Erazmo
специјална болница Св. Еразмо

Министерот за здравство Никола Тодоров во работна посета на Охрид. Лично се увери во динамиката на изградбата на општата болница, го посети здравствениот дом, но најмногу внимание посвети на проектот за дислокација на центарот за кардиоваскуларни заболувања „Св. Стефан“.
Министерот откри дека сега засега тим од министерството разгледува две можности, првата кардиолошкиот центар да се префрли во карабина објектот во слоп на  специјалната болница за ортопедија и трауматологија, Св. Еразмо, почнат да се гради пред пред 20 и повеќе години, а втората можност е истата да се пренесе на местото каде некогаш беше специјалната детска болница.

„Една од алтернативите за која активно размислуваме е тука да ја пренесеме болницата за кардиоваскулано Nikola Todorov minister za zdravstvoзаболување и ова да биде еден центар во Охрид кој ќе биде познат не само за Охрид туку и за регионот, затоа што ни едната ни другата болница не опслужуваат пацинети само од Охрид“, вели министерот за здравство, Никола Тодоров.

Првиот човек на центарот за кардиоваскуларните заболувања д-р Никола Бакрачески открива дека решение за центарот мора под итно да се најде, затоа што како што кажа скоро ќе ја воведат долго најавуваната методата „елекро физиологија“ техника и лекување кое бара нов функционален  простор,  кој би пружил квалитетно давање на услуги, но и би овоможол нови вработувања во иднина. Бакрачески аперира да не се избрзува, туку добро да се размисли и да се изведе најдоброто решение.

„Рокови ние немаме. Она што е најприфатливо  и за институциите на системот и за нашата институција, односно за дејноста која ја обавуваме ќе се направи. Некои рокови во овој момент не постојат.  Ние го бараме најцелисходното и најреционалното решение. Се сложуваме со вас дека во овој момент зградата во која во овој момент ја обавуваме дејноста  не ги задоволува сите стандарди за обавување и на кардиоваскуларна рехабилитација и за ургентна кардиоваскуларна медицина“, вели директорот на центар за кардиоваскуларни заболувања „Св. Стефан“, д-р.Никола Бакрачески.

Министерот открива дека за дислокација на центарот министерството веќе обезбедило и средства и тоа од Nikola Todorov minister za zdravstvoбанката на советот на Европа.

„Станува збор за 100 милиони денари кои планираме да ги инвестираме во недоградениот дел и со тоа да го подигнеме нивото на здравствеото во Охрид“, вели Тодоров.

Министерот Тодоров е категоричен дека генерално сакаат што побрзо да ги искориститат средства, но дека тоа не значи дека ќе брзаат, затоа што во никој случај не смеат да импровизираат.

Што се однесува до судскиот спор кој во моментов се води помеѓу центарот за кардиоваскуларните заболувања и здружението на борците и Бакрачески со став дека доколку тие го добијат правото на сопственост на објектот каде сега е сместен заводот тогаш таа зграда ќе ја пренеменат во центар за рехебилитација, а во новиот објект ќе ја сместат кардиолошката нега.

{loadposition content9}