Skip to main content

Центарот за социјални работи од Охрид задоволен од интересот за бесплатните курсеви за децата без родители

Курсевите ќе ги спроведуваат правни субјекти кои ќе бидат избрани преку тендерска постапка.

 |  Мишел Наумоски  | 
obuki
обуки

Задоволителен интересот за посетување на бесплатните курсеви по компјутери и англиски јазик кои ги организира Министерството за труд и социјална политика-оценуваат од охридскиот Центар за социјални работи. Со овие почетни курсеви ќе бидат опфатени децата без родители и родителска грижа сместени во згрижувачко семејство, во мал групен дом, во установи за социјална заштита, деца под старателство на близок сродник и лица кои до својата осумнаесетта година имале статус на деца без родители, но не се постари од 26 години.

obuki angliski jazik„Постапувајќи по насоките од Министерството, стапивме во контакт со децата кои ги имаме во нашата евиденција. Контактот го направивме телефонски, па одевме на увид во нивните домови со покани и задоволни сме од одзивот кој го имавме од децата. Имено кај нас пополнија пријави за посетување на курсеви по англиски јазик и компјутери, имаше претежно желба кај децата двата курсеви да ги посетуваат, вкупно се пријавија 19 деца.“-вели м-р Гордана Атанасова-социјален работник во Центарот за социјални работи од Охрид.

Од 19те пријавени деца, 5 деца се сместени во згрижувачки семејства, две деца се сместени во мал групен дом, едно дете во социјална установа, три деца кои до 18 години имале статус на деца без родители, а останатите деца се деца под старателство на нивни блиски роднини.

office obuki„Курсевите ќе ги посетуваат според нивното место на живеење. Тие деца што се наоѓаат на територијата на Охрид, ќе посетуваат курсеви во Охрид, додека деца кои се сместени во мал групен дом, во установи во други градови, ќе посетуваат курсеви во градовите каде што моментално се наоѓаат. Во неколку наврати го известувавме Министерството за труд и социјална политика, за лицата кои конкурираа. Министерството веднаш реагираше, така да школите, имаме информација дека веднаш исконтактирале со згрижувачите, старателите на децата, така да веќе почнаа да се закажуваат термини за посетување на овие курсеви.“-рече Атанасова.

Инаку станува збор за почетни курсеви по англиски јазик и работа со компјутери. Истите ќе траат два месеци, часовите ќе се одржуват два пати неделно со вкупен фонд на часови од 32 часа по 45 минути. По завршувањето на курсот, сите учесници ќе добијат сертификат за завршено ниво, курс по офис автоматизација и курс по англиски јазик.

{loadposition content9}