Центарот за безбедност на вода на Црвен крст Охрид прераснува во регионален
Од 23-30 јуни во Охрид започнува обуката за спасители на отворени води во Охрид, која ја спроведува Центарот за безбедност на вода при охридскиот Црвен крст . Сите оние кои се повозрасни од 18 години и се чувствуваат здрави може да се пријават на огласот. Новина е што годинава центарот прераснува во регионален, односно ќе се обучуваат спасители на вода и од соседна Албанија
„На годинешнава обука можам да се пофалам дека ќе има учество и албанскиот црвен крст, ќе учествуваат десет кандидати за спасители коишто ќе се обучуваат овде за спасители на отворени води за да потоа работат на морето во Албанија и на Охридското Езеро од Албанска страна.“- вели Сашо Точко – претседател О.О. Црвен крст Охрид.
Обуките коишто ќе се изведуваат во јуни ќе бидат по сите стандарди на Меѓународната федерација за безбедност на вода, чии лиценци и акредитации за работа се валидни насекаде во светот.
„Црвен Крст Охрид и Центарот за безбедност на вода на Црвениот крст на Македонија може да се пофали со тоа дека е на ниво на врвните организации во целиот свет, особено во делот на подготвеност и дејствување при катастрофи, во делот за безбедност на вода и безбедност на планина“- вели Точков.
По најавите на Охридскиот градоначалник Кирил Пецаков, дека одредени плажи ќе бидат ставени во функција, поточно на дел од нив ќе бидат поставени шанкови, Точко објасни дека Црвениот Крст и годинава ќе понуди свои спасителни тимови кои може да ги обезбедат плажите. Посочи дека според законот на нив ќе мора да има спасители на вода и соодветна опрема која ќе гарантира безбедност за посетителите.
„Според законот и правилникот за видот и обележување на капалиштата сите уредени капалишта мора да имаат спасители на вода и други реквизитит набљудувачници, а онаму каде нема концесионерот да истакне дека оваа плажа не е безбедна односно дека нема реквизити и спасители на вода. Свеста кај концесионерите, кај дел од нив, кај поголемиот број е навистина на високо ниво. Кај дел од нив е да ја избегнат таа обврска, законска обврска, а со тоа си ставаат на себе одговорност дека тие се грижат за некој несакан инцидент на капалиштето.“, посочува Точков.
Поразителен е фактот, што од година во година се послаб е интересот кај стопанствениците и воопшто заедницата за ангажирање на спасители на плажите и покрај оромниот збирен број на интервенции на спасителите на крајот од речиси секоја туристичка сезона.