Центарот за депресија во Охрид засега e само идеја.
Центарот за депресија во Охрид засега e само идеја.
Проектот за формирање на центар за депресија засега е само на ниво на идеја. Првите луѓе на Здравствен дом Охрид, д-р Митко Дабески и д-р Љубен Арнаудов, од Општа болница, велат дека до нивните институции непристигнале никакви конкретни инструкции од ресорното министерство.
Д-р Дабески од Здравствен дом за ТВМ со кус коментар дека нивната установа може да обезбеди само просторија во Маларична, но не и специјализиран кадар. Нивната установа нема психијатар. Во Општа болница пак, подолго време се соочуваат со дефицит на ваков стручен кадар.
Иако од ресорното министерство најавија дека ваквите центри во ноември месец ќе бидат отворени во 13 градови, во Охрид не се ни на почетно ниво.
Според најавата на министерот Никола Тодоров, центрите требаше да работат еднаш неделно, после пладне во периодот од 14 до 20 часот. Во нив требаше да има по еден психијатар, кој ќе прегледува без претходно закажан термин, а по потреба пациентите да ги упатува на натамошно лекување.
Кадарот требаше да се обезбеди од вработените во здравствените домови, а ако нема, да се ангажира од најблиската болница во градот или од најблиската општина.
Депресијата е се поголем здравствен, социјален и економски проблем во Европа и кај нас.
Според Светска здравствена организација, секоја петта жена и секој десетти маж барем еднаш во животот може да имаат сериозна епизода на депресивно растројство.
{loadposition content9}