Skip to main content

Проблем при продажба на карти

Центарот за култура со извинување до јавноста

Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид со извинување до јавноста за проблемот кој што настана при продажба на билети за преставата „Секс, лаги и љубомора“.
 |  инфодеск  | 
Центар за култура

Поради проблемот кој што настана при продажба на карти за претставата „Секс, лаги и љубомора“ која што е закажана за 2-ри ноември, Центарот за култура преку соопштение јавно се извинува на охриѓани и воедно ја информира јавноста дека претставата повторно ќе се прикажува на 3-ти ноември. Соопштението го пренесуваме во целост :

Почитувани љубители на тетарот, Центарот за култура „Григор Прличев”Охрид се извинува за проблемите кој што настанаа во вчерашниот ден при продажба на билети за претставата „Секс,лаги и љубомора”. Ве известуваме дека истата повторно ќе се прикажува на 03.11 2022 (четврток) со почеток во 20 часот. Билетите се пуштаат во продажба во среда 02.01.2022при што секој може да купи најмногу 4 билети. Ви благодариме на рaзбирањето – се вели во соопштението на Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид.