Центарот за развој на југозападниот плански регион ги промовира резултaтите
Центарот за развој на југозападниот плански регион ги промовира резултатите од три годишните активности. Беа презентирани проектите „Иновативни решенија за подабар пристап до услуги на локално ниво и „ Проширување на функциите за поддршка и континуирани услуги на приватниот сектор“. Центарот од овој регион се вбројува меѓу најуспешните во земјава.
Презентирани реузлатите од тригодишните активности на Центарот за развој на Југозападниот плански регион. Во изминатиот период успешно се реализирале бројни проектни активности. Создале услови, оствариле контакти и координирале субјекти со идеи и иницијативи за економски развој кој го сместуваат Центарот за развој на Југозападен плански регион во врвот на останатите региони во земјава. Проектите започнале во 2014 година и во текот на овој период се реализирани меѓу другите „Комуникациска стратегија за поддршка на мали и средни претпријатија“, „Водич за инвестирање со каталог за слободни индустриски зони во Југозападниот плански регион“, Интерактивен веб портал за привлекување на домашни и странски инвеститори, ги набројува дел од проектите Мирјана Лозаноска директор на Центарот за развој на Југозападниот плански регион.
„Имаме формирано мрежа за инклузивен регионален развој со своја програма. Реализирана е една пилот активност надградба на андроид гис апликација за природните и културните атракции во регионот. Направено е мапирање на потецијалите за рурален развој и регистар на потенцијалот за развој на руралниот туризам во Југозападниот плански регион“, наведува Лозаноска.
Лозаноска истакнува дека соработката со 9 -те општини од Југозападниот регион е на високо ниво, а очекуваат и поголемо вклучување на бизнис заедницата преку различни активности.
„Бизнис заедницата беше вклуечна , но секогаш може подобро и повеќе. Бизнис заедницата, ова е мој впечаток, се додека не видат дека нешто успешно се прави се песимисти и скептични, но кога ќе видат резулатати се приклучуваат“, подвлекува Лозаноска.
Тие и понатака ќе ја анимираат бизнис заедницата да се вклучува и да даде придонес за економски раст преку различни типови активности во квалитетот на животот на граѓаните. Што се однесува пак, до соработката со локалните самоуправи се реализирани бројни проекти од сферата на енергетска ефикасност на училишта, детски градинки и јавни објекти. Заменета е столаријата, изолирани се подови, кровни конструкции, поставени се централно греење и соларни колектори.