Skip to main content

Поголем дел од централното градско подрачје денес неколку часа без вода

Екипите се на терен и работат на отстранување на дефектот, по што водоснабдувањето ќе биде нормализирано.
 |  инфодеск  | 

Поради дефект на водоводната мрежа, денес неколку часа без водоснабдување ќе останат корисниците на повеќе улици во градот.

Според информациите од надлежните служби, прекин во водоснабдувањето ќе има на улиците „Димитар Влахов“, „Партизанска“, „Мите Богоески“, „Славеј Планина“, „Кеј Македонија“, „Серафим Китаноски“, „Ванчо Николески“, „Кузман Јосифоски Питу“, „Климент Охридски“, „Цар Самоил“, „Самоилова“, „Коста Абраш“, „Петар Чаулев“, „11 Октомври“ и „Климентска“, како и на делови од улиците „Јане Сандански“ и „Илинденска“ и булеварот „Туристичка“.

Екипите се на терен и работат на отстранување на дефектот, по што водоснабдувањето ќе биде нормализирано.