Skip to main content

Протоколарна средба

Чешки инвестиции во Охрид, тема на состанокот на Пецаков со конзулот Чернохорски

Било разговарано за организирање посета од страна на чешка делегација во Охрид, која би била предводена од претседателот на економскиот совет при чешкиот парламент, пред која ќе бидат претставени можностите и условите што Охрид ги нуди за инвестирање.
 |  инфодеск  | 
Пецаков и чешки конзул

Денес градоначалникот на Охрид , Кирил Пецаков оствари протоколарна средба со конзулот на Република Чешка во Македонија, Давид Чернохорски.

На средбата се разговарало за остварување на соработка во повеќе области, а акцент бил ставен на привлекување чешки инвестиции во Охрид. Соговорниците согласни дека општината и конзулатот негуваат добри односи и разгледувале можности за нивно издигнување на повиско ниво. Пецаков и Чернохорски се сложиле дека веќе постоечките чешки инвестиции низ државата, а и во Охрид имаат одлични услови за создавање на бизнис.

За таа цел беше разговарано за организирање посета од страна на чешка делегација во Охрид, која би била предводена од претседателот на економскиот совет при чешкиот парламент, пред која ќе бидат претставени можностите и условите што Охрид ги нуди за инвестирање, информираат од кабинетот на градоначалникот.