Честитка на градоначалникот Пецаков по повод Меѓународниот ден на Власите

Градоначалникот Кирил Пецаков упати честитка до Влашката заедница во Охрид и Македонија по повод Меѓународниот ден на Власите.
-Почитувани припадници на влашката заедница, Ви упатувам срдечни честитки по повод Меѓународниот ден на Власите. Овој ден е потсетник на богатата традиција, култура и духовно наследство што Власите со векови го вградуваат во мозаикот на македонското општество. Во Охрид, град кој отсекогаш бил раскрсница на култури и идеи, влашката заедница има значајно место во општествениот, културниот и економскиот живот. Со својата посветеност, труд и љубов кон традицијата, Власите го збогатуваат духот на нашиот град и придонесува за неговата препознатливост.
Нека овој празник биде повод за заедништво и нова инспирација за зачувување на јазикот, обичаите и културниот идентитет, како богатство што се пренесува на идните генерации. Во мое лично име и во името на Општина Охрид, Ви посакувам добро здравје, мир, лична среќа и многу успеси, стои во честитката на Пецаков.







