Во свое лично име и во името на Општина Охрид, градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, на сите сограѓани од католичка вероисповест им го честита големиот христијански празник Раѓање Христово-Божиќ.
„Овие празнични мигови нека ги исполнат вашите домови со неизмерна љубов и радост, а вербата во Бога нека ви донесе спокој за вас и вашите најблиски. Во духот на христијанските пораки посакувам заедно да создаваме подобро општество, во кое ќе ги издигнуваме вистинските животни вредности. Толеранцијата и хуманоста се две силно соединети сили кои го збогатуваат човештвото, а во секој чин на добротворност сјае силна искра на надеж за подобра иднина. Да продолжиме да бидеме сплотени и постојано да го споделуваме божјиот благослов! Нека е за многу години големиот празник.“ – се вели во честитката од градоначалникот.