Честитка од Градоначалникот Пецаков по повод Рамазан Бајрам
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков им го честита Рамазан Бајрам на сограѓаните од исламска вероисповед, посакувајќи им празникот да го дочекаат во добро здравје и расположение.
„Драги сограѓани од муслиманска вероисповед, нека Рамазан Бајрам, по светиот месец на постот, кај сите муслимани мине во семејна среќа, со добро здравје, хармонија, љубов, почит и меѓусебно пријателство, во духот на вистинските вредности и традиционално добриот соживот кој години го негуваме во Охрид. „ – вели во празничната честитка Градоначалникот Пецаков.
Додава дека празникот Рамазан Бајрам е потсетник дека само со заеднички заложби и меѓусебна почит можеме да ги одржиме живи вредностите што нè обединуваат и ни обезбедуваат меѓучовечко разбирање и поубава иднина.