Skip to main content

општина охрид

Честитка на градоначалникот Пецаков по повод празникот Свети Сава

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков упати честитка до српската заедница по повод големиот христијански празник Свети Сава.
 |  инфодеск  | 
Градоначалник Пецаков

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков упати честитка до српската заедница по повод големиот христијански празник Свети Сава.

– Почитувани припадници на српската заедница, во мое лично име и во името на Општина Охрид ви упатувам искрени честитки по повод празникот Свети Сава, еден од најголемите духовни и културни светители во православието.

Српската заедница во Охрид и Македонија е значаен дел од мултиетничкиот мозаик на нашето општество, со кој се гордееме. Вашиот придонес во зачувувањето на културата и вредностите е непроценлив. Во духот на заедничкото живеење, вие постојано покажувате дека различноста е предност што ја збогатува нашата традиција. Празникот на вашиот патрон, нека не потсети на вистинските животни вредности, кои тој ги промовираше: мир, љубов, мудрост и взаемна почит.

Со желби за многу здравје, личен напредок и успех, ви посакувам денешниот празник да го прославите со голема радост и сплотеност. За многу години!, стои во честитката на градоначалникот Пецаков.