Skip to main content

Влашка етничка заедница

Честитка на Пецаков за Националниот ден на власите

Честитка по повод 23-ти мај, Меѓународниот ден на власите, упати градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.
 |  инфодеск  | 
Национален ден на власите

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков упати честитка до припадниците на влашката етничка заедница по повод 23-ти мај, Националниот празник на власите.

Почитувани сограѓани, припадници на влашката етничка заедница ми претставува особена чест да ви го честитам Националниот ден на власите со желба за добро здравје, љубов и среќа во Вашите семејства. Придонесот на влашката заедница во Република Македонија е сеприсутен и значаен за севкупниот општествен живот на земјата. Власите во Македонија, се составен дел од историјата и нераскинлив дел од сегашноста и иднината на државата. На овој ден ја одбележуваме посебноста на власите како дел од нашето мултиетничко општество и почитта кон влашката традиција, култура и историја. Меѓусебното почитување и негување на културата, обичаите и традициите од различните етнички заедници отсекогаш било приоритет во нашето мултиетничко општество. Така ќе биде и во иднина. Заедно и сложно ќе работиме за подобра иднина на сегашните и идни генерации во развиена и просперитетна држава – стои во честитката на градоначалникот Пецаков, по повод Меѓународниот ден на Власите.