Skip to main content

Кирил Пецаков со честитка по повод Курбан Бајрам

Во честитката се потенцира и важноста од зачувување на духот на заедништвото, како препознатлив белег на Охрид и државата.
 |  Маја Савиќ  | 
Градоначалник Пецаков

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, упати честитка до граѓаните од муслиманска вероисповед по повод големиот празник Курбан Бајрам.

„Во мое лично име и во име на локалната самоуправа, на сите граѓани од муслиманска вероисповед им го честитам Курбан Бајрам, со искрени желби за мир, здравје, благосостојба и спокој во секој дом“, се наведува во честитката.

Пецаков истакнува дека празникот ги потсетува граѓаните на вистинските вредности, човекољубието, хуманоста и меѓусебната почит, нагласувајќи дека соживотот треба да се негува секојдневно преку разбирање, солидарност и заедништво.

Во честитката се потенцира и важноста од зачувување на духот на заедништвото, како препознатлив белег на Охрид и државата.