Во име на Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување награди и признанија при Советот на Општина Охрид, во пресрет на 23 Мај упатувам честитка до припадниците на влашката заедница во Охрид по повод Националниот ден на Власите.
Влашката заедница во Охрид отсекогаш била посветена и лојална на својот град . Секогаш сплотена во заедништво со останатите заедници придонесувала за развојот на Охрид и за негова промоција како културно историска вредност низ светот, воедно внесувајќи се во економската изградба на Градот и неговата иднина.
Охрид , чувствувајќи ја таа посветеност и присутност ги нарекол деловите од својата целовитост како Горна и Долна Влашка маала и со тоа таа нераскинлива врска започнала, постои и ќе постои.
Влашкиот народ треба и понатаму со гордост да ги негува своите обичаи, фолклор, култура и јазик со што придонесува за културната разновидност во Градот и во Македонија, и за заедничката иднина. Впрочем, единствено Власите можат да кажат сами за себе кои се и што се, и никој друг не може да зборува во нивно име.
Нека ви е Честит 23 Мај – Националниот Ден на Власите !
Дејан Пановски – Претседател на Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија при Советот на Општина Охрид