Четири хотели ќе никнат во НП Галичица
Четири хотели од мал обем, ќе никнат во рамките на НП Галичица.
Идејата и проектот е на Министерството за транспорт и врски. Од таму уште во 2010 год од НП Галичица побарале информација за одредување на локации на кои би можеле да се изградат сместувачките капацитети. Изборот кој го предложиле од паркот се локации во населени места, поточно не во строго заштитената зона, населбата Коњско на преспанска страна, во селото Коњско на Охридска страна, на Корита.
„ Согласно планот за управување и проектниот план кој е изработен во НП вакви активности се дозволени единствени во зоната за одржливо искористување. Оваа зона ги опфаќа населените места како и блиската околина, кои би овозможиле развој на населбите во рамките на самиот парк“, вели директор на НП Галичица, Зоран Ангелоски.
Не само од НП Галичица,Министерството за транспорт и врски избор на локации побара и од локалната самоуправа, поточно од секторот за урбанизам во рамките на нивната надлежност – урбанизацијата на просторот. Раководителот на секторот Бранко Арнаудов за ТВМ изјави дека локалната во однос на писмото ќе одговори за оние локации за кои постои планска документација. Личен став на Арнаудов е дека во рамките на паркот не треба да се градат сместувачки, туку угостителски капацитети.
И покрај тоа што министерството не ги консулира, ние мислење за проектот побаравме и од според нас најодговорната институција кога и во прашање планинскиот туризам, а тоа е Македонската Асоцијација на интернационални водичи за во планина, членка на меѓународната унија. Генералниот секретар Антонио Додевски вели дека идејата за изградба на вакви капацитети во рамките на паркот е добра, но додава дека капацитетите кои ќе се градат не е важно да бидат луксузни, туку истите да нудат комоција, да бидат чисти и функционални.
„ Сметам дека многу е важно да се знае на кои локации ќе бидат поставени објектите и многу е важно истите да бидат поврзани во систем. Класични ресторани и угостителски објекти имаме премногу и сматаме дека ова што ќе се гради не треба да биде од таков тип“, вели Антонио Додевски, генерален сектор на македонска асоцијација на интернационални водичи за во планина.
Градбата на мини хотелите во Рамките на паркот ќе започне кога ќе се подготви целокупната документација. Досега позитивно мислење за истата дале и Националниот парк и од локалната самоуправа. Останува да видиме колку овие објекти ќе допринесат во развојот на планинскиот туризам, тренд кој во светски рамки зема се поголем замав.
{loadposition content9}