Вчера во 19.10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид–Кичево, кај с.Мешеишта, охридско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди”, управувано од 22 годишно лице од Струга и патничко возило „бмв”, управувано од 34 годишно лице од с.Ливада, струшко, двете со струшки регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 49 годишен сопатникот од возилото „ауди”, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и 28 годишната сопатничка од возилото „бмв”, констатирани во Општата болница Струга и Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, се вели во соопштението од MВР Охрид.