Skip to main content

Четири плажи на Охридскиот кеј

Ова го предвидува Деталниот урбанистички план на Охрид. Реализацијата на планот зависи од инволвираните институции.

 |  Татјана Маленкова  | 
plan
план
Ова го предвидува Деталниот урбанистички план на Охрид. Реализацијата на планот зависи од инволвираните институции.      

planНа Охридскиот кеј ќе  никанат плажи. Ова го предвидува ДУП на Охрид, за централното градско подрачје од 2000 год.
Првата платформа ќе биде пред хотелот Палас. Втората ќпред старото музичко училиште, третата до поранешниот хотел ПТТ и четвртата е во непосредна близина до хотелот Милениум. Сите четири платформи навлегуваат во езерските води, а ќе бидат долги  од 90 до 160 метра.

„ Према овој план , ако се реалирира, ќе се навлезе во езерото, вели раководителот на секторот за урбанизам Бранко Арнаудов.

Инаку како што ТВ М неодамна објави и министрството за транспорт и врски и локалната самоуправа во момнетов со заенички интереси гледаат на планот за поставување на платформи во езерото.   

„ Реализацијата зависи и од министретвото за транспорт и врски,локалната самоуправа но и од  но и од министерството за животна средина и  хидробилошкиот институт“, вели Арнаудов.

Инаку според деталниот урбанистички план донесен 2000 год. кој го опфаќа потегот од Канео до каналот Студенчишта, покрај платформи за плажи со планската  документација се предвидува проширување на пристанишниот дел со простор за пристап на пловни објекти кога ќе се воспостави меѓународниот воден сообраќај.

Пo изјавата на министретот за транспорт и рски Миле јанакиевски кој јавно призна дека секоја педа слободно крајбрежје ќе биде искористено се наметна прашањето до каде ќе оди деградацијата на бреговата линија. Ова не само што ќе има нарушување во визулениот дел на крајбрежието, туку во прашање се доведува и оптанокот на растителниот и животинскиот свет кој опшстојува во овој дел на езерото.

Останува да видиме дали овој план стар 9 години, сега ќе се реализира, или пак инстиуциите за заштита на животната средина како и некои градски здруженија на граѓани ќе го кранат својот глас. Позитивен пример за ваква акција беше кога граѓанате се изборија за спас на Сараиште од издавање под концесија.

{loadposition content9}