Skip to main content

Четврт хуманитарен турнир – Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2025

Покровител на настанот е ОСМТХ Командерија „Св. Наум Охридски“ од Охрид, во соработка со КК „Колибри“ Охрид. 
 |  инфодеск  | 

 Во недела, 8-ми јуни 2025 година, на игралиштето во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид ќе се одржи четвртиот хуманитарен турнир Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2025.

Организаторите ги повикуваат сите деца на возраст од 9 до 13 години да се пријават, да играат без никаков надомест и да се забавуваат во духот на хуманоста. Сите заинтересирани фирми и граѓани со свои расположливи ресурси можат хуманитарно да се приклучат на иницијативата, која ќе допринесе до подобрување на условите на деца со попреченост и аутистични деца.

Oва е 4. издание на хуманитарниот турнир Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид, кој прераснува во една убава традиција. Турнирот ќе биде одлична можност за децата од Охрид и регионот, да се дружат, спортуваат и го развиваат хуманитарниот дух, информираат организаторите.

На турнирот ќе се натпреваруваат деца од три категории и тоа:

– Прва категорија (деца родени 2016 и помали),
– Втора категорија (деца родени 2014-2015) и
– Трета категорија (деца родени 2012-2013).

Сите заинтересирани треба да состават своја екипа од три деца. Можат да учествуваат машки и женски екипи, или екипи со мешан состав, без никаков надомест. Пријавувањето на екипите може да се врши на телефонскиот број 075/777-776, а сите собрани средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели, и традиционално во Центарот за аутизам во Охрид. За најуспешните три екипи се обезбедени вредни награди од страна на главниот покровител на настанот, а секој учесник ќе добие маичка.

Покровител на настанот е ОСМТХ Командерија „Св. Наум Охридски“ од Охрид, во соработка со КК „Колибри“ Охрид.