Skip to main content

општина охрид

Во четврток „Велигденски базар“ на плоштадот „Крушевска Република“

Собраните финансиски средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели.
 |  инфодеск  | 

Општина Охрид во соработка со ЈП „Градски пазар“ на 17.04.2025 година (Велики четврток) со почеток во 11:30 часот ќе го организира традиционалниот „Велигденски базар“ на плоштадот „Крушевска Република“.

-На базарот ќе земат учество охридските занаетчии, производителите на домашна традиционална храна и трговците кои продаваат велигденски украси. На базарот ќе бидат изложени и креативните велигденски изработки на најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“, на учениците од општинските основни и средни училишта, на младите од Младинскиот центар и волонтерите на ОО на Црвен Крст, Охрид, велат од Општина Охрид.

Во духот на најголемиот Христијански празник Воскресение Христово –Велигден собраните финансиски средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели.