Skip to main content

Чесни избори очекува кардиологот Никола Бакрачески

Бројни развојни планови најави од својата градоначалника  програма, д-р Никола Бакрачески.

 |  Валентина Неловска  | 
bakrac
bakrac

Субвенционирање на охридските станоиздавчи, изградба на трговски центар, модерно пристаниште, катни гаражи, затворен зелен пазар и  индустриска зона, се само мал дел од развојните проекти за Охрид, кој ги најави кандидатот за градоначалник од редовите на Вмро Дпмне, кардиологот Никола Бакрачески. Охрид мора да биде симбол на прогрес на иднината и сиот мој капацитет и знаење ќе ги ставам во функција на својот град и граѓаните, рече д-р Бакрачески.  Како кандидат за градоначалничката функција на престојните локални избори очекува максимална  коректност.

„ Сакам да ја споделам мојата желба за фер, демократски, достоинствени и успешни локални избори кои ќе се одржат идната година. Тое е клучен елемент на прогресот кој ќе ја детерминира иднината на нашиот град.  Конечно со искрена соработка на институциите и Владата ќе ги воведеме вистинските европски стандарди во функционирање на Локалната самоуправа, рече Бакрачески.
bakrac
Доктор Никола  Бакрачески, добро познат на охридската и  македонската јавност како исклучителен стручњак од интервентната кардиологија и развојните успеси на Кардиолошкиот завод каде што е прв човек, напоменува дека и прокрај градоначалничката кандидатура нема да се откаже од своите пациенти.

„ Успесите од менаџирањето од професионалниот дел на развојот на  болницата,  од стабилното финансиско менаџирање и  лидерството покажано во Заводот ќе бидат мој предивик за пренесување на тие искуства и знаењето  во делот од Локалната самоуправа. Сакам да ги уверам граѓаните и моите пациенти ќе останам посветен на професијата. За луѓе кои знаат да ги одредат  приоритетите, како да ги  постават своите цели и како да се движат кон целите секогаш  има доволно време да го    запазите времето и да им овозможите на пациентите и на луѓето во Локалната самоуправа, адекватно да ги обавуваат своите обврските“.
 
На Охрид мора да му се случат промени кои ќе бидат водич за попросперитетен туристички  град.  За остварување на развојната програма зад него ќе стои работен тим исполнет со знаење, ентузијазам, посветност и вистинска љубов кон градот и сограѓаните, најави  д-р Никола Бакрачески, на своето прво официјално обраќање како кандидат за градоначалник од редовите на Вмро Дпмне.

{loadposition content9}