Skip to main content

Четири животи згаснаа во директен судар кај Колари

Четири животи згаснаа во директeн судар кај  Колари.

 |  Валентина Неловска  | 
soobrakajka

soobrakajkaТатко и две девојчина, од кои едно  бебе, а другото на две години, како и возач на товарно моторно возило ги загубија животите во тешка сообраќајната незгода кај селото Колари.  Трагичната несреќа се случила синоќа околу 18 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар при  директен судар на патничко возило марка Волво и товарно моторно возило Форд. Автомобилот Волво во кое се наоѓале членови на семејство од селото Зајас, се движело од Гостивар кон Кичево, а пикапот марка Форд се движел во спротивна насока. Причините за сударот сеуште се утврдуваат, информира Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.


„Двете возила се наоѓале на левата коловозна лента, а е случен судар со предните делови на возилата. Напоменувам дека од преземените мерки ќе се утврди што се случило и како дошло до директниот судир помеѓу двете возила. Се преземаат дополнителни истражни мерки за да се прикаже реалната слика и причините за сообраќјаната несреќа“, информира Димоски.


soobrakajna Веднаш на местото на несреќата од добиените повреди починале двете  малолетни девојчиња, родени 2015 и 2013 година. Во кичевската болница  починал 46 годишниот скопјанец Амзи И. возач на пикапот. Доцна во ноќта на пат од   болницата „Св.Еразмо“  од Охрид кон ургентниот центар во Скопје, на повредите им подлегнал и дваесет и шест годишниот Деар А, возач на Волвото.   Во сообраќајната незгода, со тешки телесни повреди се здобиле и патниците  Х.А. (26) од кичевското село Зајас и В.А. (31) од скопското село Свиларе. Двесет и шест годишната жена,  мајка на двете настрадани девојчина,  и другата патничка од Волвото  се пренесени во Ургентниот центар во Скопје.


„ Таа е со тешки телесни повреди и до овој момент е надвор од животна опасност“, информира Димоски.

На местото на несреќата извршен е увид во присуство на јавен обвинител и  полициски  екипи од станицата во Кичево. По наредба на јавниот обвинител, во текот на овој ден врз телата на  трагично настраданите лица ќе биде извршена обдукција како и вештачење врз патничките моторни возила.