Skip to main content

„Чист Охрид“: Бисерот на Македонија, Охрид се гуши во отпад

Ако не сакате да помогнете да го чистите градот, Ве молиме кога возите по патиштата, шишињата фрлајте ги соодветно место, а не во природата, порачуваат волонтерите од „Чист Охрид“. Оваа организација е пример за луѓе кои се грижат за чиста животна средина. Тие и денес беа на терен, чистејќи го патот од Билјанини извори од комплексот Св Стефан. Но за жал, оваа организација сеуште е со минимален број на луѓе кои доброволно ни го чистат градот.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Бисерот на Македонија, Охрид се гуши во отпад. Такво е видувањето на волонтерите од организацијата „Чист Охрид“. Оваа група млади ентузијасти сакаат да го видат градот чист, токму затоа редовно, сами се организираат да исчистат одредени локации во градот кои се црни точки за отпад. Тие денес го чистеа потегот од Билјанини Извори до комплексот Св.Стефан. Лилјана Илиевска вели дека се гордее што придонесува за нашиот град навистина да го видиме чист, но жали што одзивот на граѓаните е мал.

„Многу ми е жал што и овој пат констатирам дека охриѓани ги нема и не сакаат да го видат својот град чист. Доказ за тоа е ова шише…една порака од „Чист Охрид“ до охриѓани, ако не сакате да помогнете да го чистите градот Ве молиме кога возите по патиштата шишињата не ги фрлајте преку прозорецот од својот автомобил, фрлете ги на соодветно место, не во природата“.

Илиевска е загрижена и за состојбата со шумите кои масовно се уништуваат. Таа стравува дека ако се продолжи со ваков однос кон природата и во Охрид, ќе се случи она што се случи во Стајковци.

„Шумата се сече. Никој е реагира, никој од надлежните институции не излегува на терен и не се залагаат да се спречи тоа илегално сечење на шуми. Јас живеам во Велгошти. Мене ми беа понудени дрва на црно. Разликата од оние дрва купени на црно и легално купени дрва за кубик е само 300 денари. За само 300 ден нас може да ни се случи и Стајковци, па повелете бирајте“.

Овие укажувања на волонтерите од „Чист Охрид“ се добронамерни, како што и самите велат. Но сепак време е да проработи јавната свест кај секој од нас, што значи здрава животна средина и каде е нашиот допринос во тоа.