Skip to main content

„Чорбарите“ по 11 години дружба станаа „ чорбаџии“

„Чорбарите“ по 11 години дружба станаа „ чорбаџии“.

 |  Валентина Неловска  | 
druzba
druzba

Осуммина пензионери, поранешни колеги од Застава, низ смеа за себе велат од чорбари станавме чорбаџии. Тихомир Арсовски, Зимониќ Љупчо, Китрозоски Славе, Христоски Бранко, Тодороски Стојан, Митроски Радован, Велоски Злате и Иван Белазелков, 11 години, секој понеделник, се состануваат на утринска чорба во ресторанот Европа. Поранешните колеги на тој начин се дружат и го продолжуваат пријателството. Оние кои не познаваат ни честитаат,  но немаат сила да не копираат, раскажува низ смеа Бранко Христоски еден од членовите.
druzba
„Ние мислиме дека тоа копирање би било корисно за сите. Затоа што ние  11 години секој понеделник во 9.30 се збираме овде дискутураме на разни теми, се дружиме, се смееме, секој понеделник за нас е празник. Имаме правила секој понеделник кумот е различен“, напоменува Бранко Христоски.
Пријателите ги врзуваат спомени од некогашниот стопански гигант Застава, па преку дружба се евоцираат спомени од тоа време, а се разменуваат и мислења и за други теми, додава кумот за овој понеделник, Тихомир Арсовски.

„ Повеќето сме од Застава  дискутираме за стручни проблеми, но има и членови кои не се од Застава. Покрај тоа се зборува и за здравствени проблеми, за спорт. Сите ние сме на исто мислење, но имаме и опозиција, но конструктивна, која не прифаќа и не поправа ако грешиме“, вели Арсовски.  

druzbaДвижење и дружба е мотото на нивното пријателство кое топло го препорачува и Славе Китрозоски. Додава дека со  ваков вид  релаксација и  добро расположение во овие тешки времиња си го продолжуваат  животот.

„Опстојуваме така зошто си воведовме ред. За оваа дружба секој понеделник да се одржува со години   мораше да има правила. Некој каснеа, чекавме, ќе се изладеше чорбата, па следуваа критики. Дојдовме до заклучок да воведеме ред  и иако нема картони и запишување за задоцнување, секој треба да дојде во 9.30 минути.  Доколку  не се почитува тајмингот оној што доцни ќе биде  казнет плаќа нарачка секој што ќе посака па тоа не вразуми“, низ смеа вели Китрозоски, кој бил еден од оние што задоцнувале.
 
Овие осуммина пријатели имаат поддршка и разбирање од своите сопруги, кои ги ослободуваат од сите задолженија. Во дружбата ги вклучиле и сопругите со кои одат на заеднички излети, се прославуваат  слави, имендени и родендени.   
Нивна заедничка желба е што подолго да трае оваа дружба и нивното пријателство.

{loadposition content9}