Skip to main content

Се чистат речните корита во охридскиот реон

Речните корита на Сатеска, Коселска река и Грашница се чистат. Досега најчеста слика на речните корита, чии води се влеваат во езерото, беше деформирани водотеци затрупани со најразлични видови  отпад, па се до паднати или изникнати дрвја.

 |  Валентина Неловска  | 
kanal
канал

kanalРечните корита на Сатеска, Коселска река и Грашница се чистат. Досега најчеста слика на речните корита, чии води се влеваат во езерото, беше деформирани водотеци затрупани со најразлични видови  отпад, па се до паднати или изникнати дрвја. Сега се расчистува отпадот и се сече вегетацијата, а на некои места се преформираат речните водотеци вели раководителот на Центарот за управување со кризи Митко Темелкоски. Ваквите активности започнале  пред три месеци со расчистување на коритото на реката Сатеска од утоката во Охридското езеро, па се до селата Волино и Климештани. Интензивно течат зафатите и за уредување и на останатите речни канали.

Жителите од селата Орман и Лакочереј може спокојно да ги дочекаат есенските дождови. Водите од Коселска река ќе течат по исчистено корито.

Коселска река сега е исчистено на поединечни делови од  населбата Далјан кај Извидничкиот центар, па се до селото Опеница информира Темелкоски. Во наредните денови ќе се чисти речното корито од Лакочереј до селото Косел.

Од Центарот за управување со кризи објаснуваат дека за средување на речното корито на Грашница, во населбата  Воска, за жителите од улицата Ариф Мустафа да бидат безбедни од поплави, треба да се погрижи Локалната самоуправа. Распишан е тендер за изгрдан на Кеј на реката објаснуваат од Центарот. Нивна обрска е да исчистат само мал дел на реката и тоа околу мостот. Грашница, пак  ја расчистуваат на потегот од Велгошти до населбата Радојца Новичиќ. Во зависност од временските услови нагласуваат дека ќе  продолжат со чистење од амбулантата кај Црногорците до Железничка.

Чистењето на речните корита ќе се одвива и во месец ноември. Акцијата за чистење на речните канали ја спроведува Министерството за транспорт и врски, Ценатрот за управување со кризи и Дирекцијата  за заштита и спасување. За спроведување на акцијата за Охрид се  доделени 40 тони нафта за работната механизација информира Темелкоски.

На почетокот од оваа година надојдените води од Коселска река, но и од Грашница и Сатеска  им зададоа сериозни штети на жителите заради неисчистените речни корита. Во Лакочереј, Коселска река поплави 25 хектари обработлива површина, а  пак во Орман 30 хектари. Беа поплавени и жителите од Воска, а Грашница им предизвика големи материјални штети.


 {loadposition content9}