Започна чистењето на каналите и речните корита
Локалната преку ЈП Охридски Комуналец превентивно ги чисти каналите и речните корита.
Започна акцијата на чистење канали и речни корита во Охрид и околината. Навременото чистење на реките од отпадоци но и вегетација ќе спречи нивно излевање во текот на зимскиот период. Акцијата ја спроведува ЈП Охридски Комуналец, а зафатите започнаа од каналот кај Езерка.
„Ќе се чисти каналот на реката Грашница долж целиот тек онаму каде што има потреба да тоа. Понатака и другите канали кои се дел од програмата на локалната самоуправа. Чистењето ќе биде до оној момент до кога налагаат временските прилики, ќе прекратиме доколку има дождови, а инаку до крајот на октомври рачунаме дека сите треба да ги исчистиме“, вели директор на ЈП Охридски комуналец, Елена Скрческа.
Од локалната велат дека Акциониот план за чистење на речните корита во општина Охид одамна е завршен и дека истиот треба во целост да се спроведе пред интензивните врнежи од дожд и снег кои претстојат.
„Во овој план ќе се чистат реките коселска, Даљан, Сушица, реката Рача и блатото Билјанини извори. Овие речни корита треба да се исчистат за да функционираат за да немаме поплави“, истакна координаторот на одд. За комунален развој, Томе Змејкоски.
Проектот за чистење на каналите и речните корита го спроведува локалната самоуправа преку ЈП Охридски Комуналец, а се работи во координација со Владата на Р Македонија.
„На оваа тема се одржаа неколку координативни состаноци во министерството за транспорт и врски, така што владата на Р Македонија оваа година ќе и помогне на општина Охрид со донирање на 12 илјади литри нафта за чистење на речните канали, така да уверени сме дека со заеднички и координирана акција меѓу Владата на Р Македонија, министерството за транспорт и врски, општина Охрид и јавните претпријатија за прв пат годинава Охрид нема да имапроблеми со неичистени речни корита“, истакна секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески.
Проектот за чистење на каналите и речните корита започна на почетоков на месецов со расчистување на речното корито на Велгошка Река. Јп работи комбинирано, со употреба на специјална механизација, но поради непристапноста на теренот голем дел од активностите за расчистување се одвиваат и рачно. Дека чистењето на речните корита е повеќе од неопходно зборува и фактот што само од овој потег беа подигнати над 30м3 отпад : натрупана земја, чакал, пластична амбалажа и друг вид отпад.
{loadposition content9}