„Читаме гласно и раскажуваме“ проект на градската библиотека и основни училишта
Многу прочитани раскази, многу раскажани приказни, многу нови пријателства деновиве се случија во охридската градска бибилиотека „Григор Прличев“. Учениците од трето, четврто и петто одделение, деновиве во рамки на проектот „Читаме гласно и раскажуваме“, имаа можност во период од две недели да прераскажуваат обработени и самостојно прочитани текстови и да прераскажуваат вистински и измислени настани и доживувања. Вонземјани, диви животни, но и бескрајниот свет на пишаниот збор беа нивното небо, а градската библиотека нивното игралиште.
Проектот „Читаме гласно и раскажуваме“ е одобрен од Министерството за култура според годишната програма за работа на установата. Се работеше со 25 деца од четирите општински основни училишта во градов, и тоа со ученици од „Христо Узунов“,„Григор Прличев“, Св.Климент Охридски“ и „Братство Единство“.
„Соработката беше обострана, и затоа упатуваме голема благодарност до директорите на основните училишта, наставниот каддар, а најмногу до родителите кои ни дадоа согасласност да ги држиме часовите.„Во изминативе две недели реализиравме практични вежби за читање на текстови со различни содржини, со цел, да се надминат потешкотиите во читањето и раскажувањето.„Овие практични вежби беа одржувани во еден поинаков амбиент, во просториите на библиотеката, децата се чувствуваа послободни од една страна, а од друга страна успеавме да ја доближиме библиотеката се поблиску до самите нив.“- вели Бети Лазеска Симоноска –билиотекар НУ градска библиотека „Григор Прличев“
После две недели, дечињата се послободни и потечно може да ги изразат своите мисли и чувства и сопствени и прочитани вели, Лазеска Симоноска. Изборот и обработката на текстовите, траел подолг период, бидејќи станува збор за проект, прв од ваков вид во градов. Горди сме на соработката и меѓусебната помош и на наставниот кадар и на децата, обајснува Лазеска Симоноска.
Мултииндикаторското кластерно истражување спороведено од Државниот завод за статистика вели дека 45% од децата од второ одделение имаат основни вештини за читање или можат правилно да прочитаат 90% од зборовите во расказот. Можат да одговорат на три прашања за буквални значења и за две изведени значења. 68% правилно умеат да ги прочитаат зборовите, но само половина од нив успеале точно да одговорат за изведените значења.