Skip to main content

„Читањето и математиката се забавни“

Стефанова и Петар Горко ќе го посетат ОУ „Григор Прличев“ – Охрид како дел од Читачкиот караван на проектот и ќе одржат заедничка активност со најмладите ученици под наслов „Читањето и математиката се забавни“.

 |  Голабовски Крсте  | 
knigi
книги

На 14 март 2014 год. со почеток во 10:30 часот, тимот на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство’’ заедно со актерите Јулијана Стефанова и Петар Горко ќе го посетат ОУ „Григор Прличев“ – Охрид како дел од Читачкиот караван на проектот и ќе одржат заедничка активност со најмладите ученици под наслов „Читањето и математиката се забавни“.

Читачкиот караван и Читањето и математиката се забавни се дел од активностите кои Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ започна да ги спроведува во одбрани основни училишта со цел да претстави забавен начин на изучување мајчин јазик и математика, да ги вклучи семејствата на учениците и целата заедница за да се изгради култура на читање и да се подигне свеста на јавноста за важноста на описменувањето.

За таа цел, проектот соработува со повеќе јавни личности од областа на музиката, театарот и спортот и заедно со нив спроведува заеднички активности за читање и математика со учениците од почетните одделенија.

логоПроектот на УСАИД „Со читање до лидерство’’ го спроведува Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор’’ – Македонија во соработка со Бирото за развој на образованието и Државниот испитен центар. Активностите кои ќе траат до ноември 2015 година директно ќе опфатат 61 училиште од сите региони на државата, а ОУ „Григор Прличев“ – Охрид е едно од училиштата одбрани за учество.

Целта на проектот е да придонесе за подобрување на јазичните математичките вештини кај учениците од почетните одделенија, зајакнување на педагошките вештини на наставниците и подигање на свеста кај целата заедница за важноста од јазична и математичка писменост во интелектуалниот развој на децата.

Во рамки на проектот, за прв пат во државата се спроведуваат специјализирани алатки за мерење на постигањата по мајчин јазик и математика кај учениците од почетните одделенија, се подготвуваат ресурси за учење, како и можности за професионален развој и вмрежување на наставниот и стручниот кадар.

{loadposition content9}