Skip to main content

Центар за Јавно здравје Охрид

ЦЈЗ Охрид започна со анализи за респираторни инфекции со молекуларна дијагностика

Во Центарот за јавно здравје Охрид проширена листата на анализи со новата лабораториска опрема за молекуларна дијагностика, со воведување и респираторен панел за анализи на респираторни инфекции.
 |  инфодеск  | 

Во микробиолошката лабораторија на Центар за јавно здравје Охрид започна тестирање на молекуларно ниво со Multiplex RT-PCR технологија на вирусни и бактериски причинители на респираторни инфекции.

После воспоставувањето и примената на целосно авотматизиран систем на PCR-real time детекција и определување на 14 високоризични типови на Human Papiloma Virus (HPV) и Chlamydia trachomatis, во Центар за јавно здравје Охрид е набавена и инсталирана нова опрема за брза и прецизна молекуларна детекција на респираторни вируси и бактерии причинители на респираторни инфекции.

За разлика од имунолошките техники базирани на детекција на антитела, кои се развиваат после одреден период (7 дена) по инфекцијата, молекуларната технологија која ја применуваме е погодна за детекција на акутни состојби на инфекција.

На InGenius се тестираат назофарингеален брис, орофарингеален брис и спутум, при што за само неколку часа се добиваат резултати за горно и долно респираторни инфекции предизвикани од  вирусите SARS-CoV-2, Influenza A, Influenza B, Respiratory Syncytial Virus (RSV), бактериите Mycoplasma pneumoniae, Chlamydia Pneumoniae, Legionella pneumophilla. Токму овие атипични бактерии (микроорганизми) може да предизвикаат пневмонија, уште наречена и атипична пневмонија

„Продолжуваме посветено да се грижиме за здравјето на нашите пациенти, вложувајќи во нови дијагностички методи за микробиолошка анализа на хуман материјал, во согласност со светските трендови и стандарди. Со тоа овозможуваме високо квалитетна и професионална здравствена услуга која може да одговори на потребите на сите пациенти и лекари, за брзо, точно, успешно и ефикасно дијагностицирање и следење на различлни состојби, што води кон унапредување на здравјето на нашите пациенти.“ – вели директорот на Центар за Јавно здравје Охрид, Сашо Точков.