Skip to main content

Центар за јавно здравје Охрид

ЦЈЗ Охрид со потсетување до сопствениците на објекти каде се оперира со храна и пијалоци

ЦЈЗ потсетува на законската обврска за здравствено-хигиенски прегледи на вработени кои оперираат со храна, пијалоци како и дезинфекција на објектите.
 |  инфодеск  |  ,
ресторан

Од Центарот за јавно здравје Охрид ги потсетуваат угостителите, сопствениците на угостителски објекти, маркети, оператори со храна на законската обврска за здравствено-хигиенски прегледи на вработени кои оперираат со храна, пијалоци како и дезинфекција на објектите.

„На прагот сме на летната туристичка сезона, период кога Охрид и Струга, а воедно и Вашите хотели, ресторани, кафулиња, маркети…, се очекува да ги посетат голем број туристи и гости. Со цел да се намали ризикот, превенира и избегне појавата на инфекции и труења предизвикани од биолошки, хемиски или физички причинител, кои можат да предизвикаат штетни последици врз здравјето на луѓето, ве потсетуваме на законската обврска за навремено вршење на: здравствено-хигиенски прегледи на вработени кои оперираат со храна, пијалоци и сл. (на секои 6 месеци), собарки (на секои 12 месеци); дезинфекција, дезинсекција, дератизација на просториите во објектите (на секои 6 месеци).“ – велат од ЦЈЗ Охрид.

ЦЈЗ Охрид е на располагање за обавување на услугите и ги очекува сопствениците на објекти каде се оперира со храна да се обратат во амбулантите на Центар за јавно здравје Охрид и Струга, секој работен ден од 7:30 – 14:00 ч. или на тел. 046 231-030.