„Кока-кола“ и фудбал
Целта нa „Кока – кола“ купот е промоција на активниот живот на младите, здравиот спортски дух и физичката активност низ дружење и забава.
„Кока-кола“ купот денес во Охрид. Целта на овој, пред се забавен проект, се состои од фудбалски турнир, дополнет со соодветни спортски активности, а сé со цел остварување на единствено доживување за сите вклучени страни, вели Цено Александровски – проект координатор „Отворени забавни фудбалски школи“.
„Резултатот не е примарен овде туку забавата дружењето и пред се респектот, фер плејот и дружењето на децата меѓу себе. За да биде уште позабавно ние решивме во секоја екипа да има по едно девојче, но може и две три“ вели Александровски.
Главни ѕвезди на Coca-Cola купот беа момчињата и девојчињата на возраст од 13 до 16 години од основни и средни училишта од градов. Исто така, како екипа гостин се појави и фудбалскиот тим на Организацијата на Црвениот крст. Покрај натпреварите во фудбал, во рамки на Coca-Cola купот ќе се организираат и разновидни спортски игри, со кои, покрај младите фудбалери, ќе се анимираат и нивните другарчиња, членовите на нивните семејства и нивните пријатели, со што се придонесува во развојот на активниот здрав животен стил особено кај младите, дружењето и забавата, како и почитувањето на семејството, објаснува Александровски.
„Сите заедно да направиме едно обединување за среќна заедница во РМ, посебно после сите овие случувања да можат децата да размислуваат во друг правец, на дружење, забава и соживот“, објаснува Александроски.
Купот е организиран во пресрет на Европското првенство во фудбал 2012, од страна на Пивара Скопје АД, Coca-Cola и проектот „Отворени забавни фудбалски школи“. Ќе се посетат осум општини, а во Скопје ќе се одржат полуфиналните и финалните натпревари. Покровители се Американската и Норвешката амбасада. Наградите се самото присуство на турнирот и опремата која останува за учесниците.
{loadposition content9}