Skip to main content

Comodita Home пристигна и во Охрид

Со понуда од над 3000 производи од најбараните душеци комодита мемори и хибрид до најновата линија на производи за хотели, ресторани и кафетерии Комодита Хоум е препознатлив бренд во регионот и во Македонија. ги очекува своите потрошувачи во продажниот салон лоциран на Булевар Туристичка спроти Охридска банка каде можете да најдете производи  за домот со најдобар квалитет по најпристапна  цена.

 |   | 


Најголемиот регионален малопродажен ланец за производи за домот Comodita Home отсега и во Охрид. Comodita Home е бренд кој 25 години е присутен во регионот а од јануари 2019та година и во Македонија. За краток период со своите квалитетни производи по пристапни цени ги освоија потрошувачите на нашиот пазар и присутни се скоро во секој дом.
Најпознати се  по линијата душеци и над-душеци произведени по најсовремена технологија а со конкурентни цени на пазарот.  Брендот се истакнува и со огромниот асортиман на квалитетни постелнини, перници, производи за бања, текстил за трпезарија и кујна итн.  Производите од линијата Comodita Kitchen  во кои влегуваат сетови на садови за готвење и послужување храна ce со највисок квалитет за во домот но и за  професионална употреба.

„Асортиманот брои над 3000 производи. Секогаш во Comodita Home имаме врвен квалитет по најприфатливи цени. Најважната категорија производи во Comodita Home се нашите душеци. Нашиот најпродаван душек е душекот  Comodita Memory. Исто така го имаме и најексклузивниот душек Хибрид којшто е изработен со италијанска експертиза.  Од линијата Comodita Kitchen можеме да го спомнеме нашиот сет Гранитекс којшто нуди врвен квалитет за готвење здрава храна. “ – вели Валбона Фазлиу  – ПР менаџер

Асортиманот постојано се збогатува како на пример со  линијата на аксесоари за патување REGENT и најновата линија NOUVE BLANK  – производи за хотели, ресторани и кафетерии.  Освен секогаш примамливите цени, Comodita Home постојано креира пакети, акции и попусти за кои потрошувачите можат да се информираат и да бидат во тек преку социјалните мрежи.

„ Можат да не следат нашите потрошувачи преку социјалните мрежи на фејсбук и инстаграм. Имаме и  кол  центар кој е активен од 8 до 21 часот преку бесплатниот број 0800 10 5 10. “ – додава Валбона.

Најновиот  продажен простор  во Охрид е дел од ланец од 15 салони низ Македонија, а оваа година Comodita Home планира да отвори уште 6 нови за да бидат уште подостапни за купувачите.  Comodita Home ги очекува своите потрошувачи со големи изненадувања, подароци и попусти до 70% на целиот асортиман на производи кој ќе трае уште неколку денови во продажниот салон лоциран на Булевар Туристичка спроти Охридска банка. Имаат и On line shop comoditahome.mk  преку кој може да се набавува од сигурноста на својот дом.