Skip to main content

Црвен крст Охрид

Црвен крст Охрид со апел за безбедно и одговорно одбележување на Богојавление – Водици

Апел за зголемена претпазливост и почитување на препораките за време на Водици на Градското пристаниште во Охрид
 |  инфодеск  | 

Црвен крст Охрид до сите оние кои ќе бидат дел од настанот за одбележување на празникот Богојавление – Водици на Градското пристаниште во Охрид упатува апел за почитување на препораките за безбедно одвивање на настанот.

-Со оглед на ниската температура на водата во Охридското езеро (околу 8 oC), релативно ниската температура на воздухот која се најавува за 19.01.2026 г. (околу 3 oC), релативно мирни езерски води (северен ветар со брзина од околу 5 m/s), повикуваме на внимание и претпазливост на оние кои планираат да влегуваат во водите на Охридското езеро:

• Да не влегуваат во вода доколку чувствуваат слабост или имаат било каков здравствен проблем

• Да не конзумираат алкохол пред влегување во вода, а да конзумираат топли безалкохолни напитоци-чај

• Алкохолот рапидно го забрзува намалувањето на температурата на организмот!

ДА НЕ ВЛЕГУВААТ ВО ВОДА СÈ ДОДЕКА НЕ СЕ ПОЛОЖИ СВЕТИОТ КРСТ ОД СТРАНА НА СВЕШТЕНОТО ЛИЦЕ

Оние што влегуваат во вода, во неа да се задржуваат кратко (не подолго од 3 минути)

Во вода телото се лади многу побргу отколку во воздух, особено при зголемена телесна активност!

•Да облечат обувки при влегувањето во вода

•Да имаат сува и топла облека по излегувањето од вода

За сите кои ќе присуствуваат на настанот на Градското пристаниште на копно, препорачуваме:

•Да облечат повеќеслојна облека

•Да конзумираат топли безалкохолни напитоци