Црвен Крст Охрид обезбедува бесплатна лична асистенција на лица со попреченост
Црвен Крст Охрид, и оваа година продолжува со обезбедување на бесплатна социјална услуга лична асистенција на лица со попреченост.
Оваа значајна услуга се реализира благодарение на поддршката од Министерството за социјална политика, демографија и млади на Р.С.М.
Целта на оваа услуга е да се овозможи подобар квалитет на живот за лицата со попречености, преку индивидуализиран пристап кој обезбедува поддршка во секојдневните активности, како и промовирање на социјална инклузија и самостојност на корисниците. Со имплементација на оваа услуга, Црвен Крст Охрид продолжува да придонесува за еднакви можности за сите граѓани на Охрид и Дебрца, создавајќи услови за повисоко ниво на социјално учество и интеграција на лицата со попречености во заедницата, а тоа се:
- создавање услови за повисоко ниво на социјално учество на лицата со попречености (социјална интеграција и инклузија)
- спречување на институционализација
- подобрување на квалитетот на живот на лицата со попречености
Што е личната асистенција и како работи Црвен Крст Охрид:
- Во однос на возраста:
- лична асистенција за деца
- лична асистенција за возрасни
- лична асистенција на стари лица
- Во однос на местото:
- лична асистенција дома
- лична асистенција во установа за социјална заштита
- лична асистенција на училиште
- лична асистенција на работа
- лична асистенција во здравствени установи
- лична асистенција во јавните служби и сл.
- Во однос на видот на попреченост:
- лична асистенција за лица со моторни нарушувања (тешка и најтешка телесна попреченост)
- лична асистенција за слепи лица
- Во однос на содржината на активностите:
- физичка поддршка и помош
- когнитивна поддршка и помош
- психосоцијална поддршка и помош
- Во однос на времето на спроведување на активностите:
- секојдневна поддршка и помош
- повремена поддршка и помош
- привремена поддршка и помош
- Нашите принципи за лична асистенција:
- сеопфатност
- навременост
- континуитет
- тимска работа
- Фази на лична асистенција:
- запознавање на личниот асистент со конкретната задача
- запознавање на личниот асистент и корисникот на услугата
- договарање за времето и динамиката на давањето услугата
- развој на доверливи односи
- психосоцијална поддршка и лична помош
- евалуација на квалитетот на дадената услуга
- Пристапи во работата:
- индивидуален
- прогресивен
- активен
- користење на преостанатите способности
- Ниво на помош:
- специфична помош
- поддршка (помош)
- набљудување (надзор)
- Воспоставување на услугата со учество на корисници на услугата лична асистенција:
- дефинирање на потреби на корисникот
- избор на услуги и одредување на време и место на користење на услугата
- избор на личен асистент
- учество во подготовка на протоколи и работни листи (договорни услуги)
- проценка на задоволство од добиената услуга
- Личната асистенција ја обезбедува личен асистент – специјално обучено лице, кој поседува соодветни знаења, вештини и техники.