Црвениот крст од Охрид на поединци, институции им додели благодарници за развој и унапредување на крводарителството
По повод светскиот ден на крводаротелството Црвениот крст од Охрид на поединци, институции им додели благодарници за развој и унапредување на крводарителството.
Црвениот крст од Охрид го одбележа Светскиот ден на крводаротелството. Претседателот Сашо Точков рече дека изминатата година била и повеќе од успешна со реализирани 1734 дарувања крв и надминување на предвидениот план за 2.79 отсто. На вчерашната централна манифестација на Црвениот крст на РМ во Скопје, ЦК Охрид се здоби со посебно признание и плакета за исполнет план на крдовадарителството за изминатата година.
–Особено радува фактот што најголем број од крводарувањата кои се реализирани се од млади луѓе од средните училишта и факултетите. Тоа секако ни дава поттик да работиме и натаму во тие средини. Воедно, сакам да го честитам Денот на крводарителството на сите наши крводарители, да се заблагодарам на нивната посветеност и хуманост, која што ја делат на тој начин. Благодарност и до сите оние мотиватори, фирми, поединци и институции, кои на било каков начин придонесоа за развој и унапредување на крводарителството во овој регион, рече Точко.
По повод Светскиот ден на крводаротелството благодарници и плакети за 50 дарувања крв добија Љубица Наумоска, Стојан Јованоски и Милчо Бујароски.
-Ми причинува задоволство и секогаш сум позитивен. Со секое дарување знам дека потенцијало се спасува нечиј живот, на луѓе на кои им е најпотребна скапоцената течност. Мислам дека на Република Македонија и требаат повеќе вакви личности и би им препорачал на сите, да не се плашат да даруваат крв, бидејќи тоа е племенита работа, истакна Бујароски.
Највисокото признание, плакети на Општинската организација на Црвениот крст Охрид, добија интернет порталот OhridNews, Секторот за внатрешни работи Охрид, општина Охрид, како и младиот крводарител Тони Јованоски. 106 граѓани се стекнаа со благодарници за 5 дарувања крв, 81 за 10 дарувања, како и 11 благодарници за 25 дарувања крв. Благодарници добија и поединци, институции и медиуми меѓу кои и Теелевизија ТВМ. Благодарница за развој и унапредување на крводарителството од Црвениот крст на Република Македонија, доби и Лајонс клубот „Лихнидос“ од Охрид.
{loadposition content9}