Црвен крст доби локација за оперативниот центар за безбедност на вода
Црвен крст доби локација за оперативниот центар за безбедност на вода.
Во близина на каналот Студенчишта ќе биде сместен оперативниот центар на вода од охридскиот црвен крст, информира претседателот на организацијата Сашо Точков. Долго време ЦК бараше соодветна локација каде што нивните едници ќе бидат стационирани и ќе делуваат во ризични ситуации. Сега тој долгогодишен проблем од скоро една деценија станува реалност со помош на Локалната самоуправа.
„Ќе имаме привремен центар за безбедност на вода кој ќе може поефикасно да интервенира и ќе се наоѓа на самиот брег“, вели Точков.
Центарот за безбедност на вода располга со човечки ресурси кои се добро обучени, а имаат и 5 брзи патролни чамци за спасување. Три од нив се во оптек, а доколку има потреба може да се ангжираат и останатите два чамци, информира Точков. За жал и ова лето нема да плови бродот амбуланта заради како што вели Точков, скапото одржување на бродот, но е ветена помош и за тоа.
„Направивме првични проценки и проекции со локалната самоуправа за обезбедување на еден таков брод на Охридското Езеро. Ние го имаме она што е најскапо, луѓето кои се вклучени во центарот се обучени и едуцирани, а имаме и опрема. Само треба слух од институциите кои треба да дадат поддршка од вакви приземни работи како што се простор и опрема како бродот амбуланта, за да делуваат нашите единици“, напоменува Точков.
Оперативниот центар е поврзан со радио врска со спасителите на вода кои се на охридските и струшките плажи. Ангажирани се 9 луѓе, а по потреба се повикуваат и други обучени луѓе да патролираат со чамците.
За логистика имаат и амбулантно возило и обучен медицински тим кој може да ја олесни работата за полесна медицинска помош, напоменува претседателот на ОО ЦК Сашо Точков за годинешната подготовка за интревенирање при ризични ситуации во езерските води.