Skip to main content

Црвен крст го одбележа својот 71ви роденден

Општинската организација на Црвен крст Охрид го одбележа својот 71ви роденден. По тој повод денес беше  отвораена изложба на фотографии и изданија кои го прикажуваат историјатот, формирањето, растежот и развојот на Црвениот крст на Македонија и Црвен крст Охрид.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Одбележан 71виот роденден на Општинската организација на Црвен крст Охрид. На 17 март 1945 година е формиран Црвениот крст на Македонија, а веднаш потоа, меѓу првите општински организации, на 26 март 1945 година е формирана охридската организација. По тој повод денес беше  отворена изложба на фотографии и изданија кои го прикажуваат историјатот, формирањето, растежот и развојот на Црвениот крст на Македонија и Црвен крст Охрид.

Се одлучивме на ваков начин наодбележување на роденденот бидејќи сакавме посебно најмладите да видат преку фотографиите од нашата архива како растела и се развивала оваа хуманитарна организација. На нив ќе се пронајдат многу активисти, хуманитарци, крводарители и членови кои оставиле дел од себе во оваа организација, вели претседателот на ЦК Охрид, Сашо Точков.

71 година илјадници имени и безимени хуманисти, волонтери, членови и активисти, вработени во Црвен крст Охрид, поддржувачи, помагачи, донатори, секој на свој начин, oставале и секојдневно оставаат неизбришлива трага, печат, белег во делувањето, развојот и растежот на оваа организација. Еден од нив е и поранешниот секретар Миле Трпеноски кој се присети како било во времето кога тој бил активно вкличен во работењето на Црвен крст и како е денес.

Многу потешко се работеше во тоа време бидејќи организацијата беше во својот зародиш. Но сепак имаше интерес кај поединци, а и бројот на активистите не беше мал. Имавме подршка и од тогашното Собрание на град Охрид па полека но сигурно ја градевме оваа општинска организација. Драго ми е што денес има кој да не наследи и што со едно домаќинско работење организацијата оди само напред, вели Миле Трпеноски, поранешен секретар на ЦК Охрид.
 
Охридскиот Црвен крст минатата година го доби и највисокото општинско признание, наградата Св. Климент Охридски што е едно признание за неговата работа и ангажман. Неговите членови велат дека продолжуваат и понатаму со ист елан во реализација на зацртаните планови.