Црвен крст ја одбележа Неделата на грижа за стари лица
Секоја година во периодот од 18 до 24 ноември традиционално се одбележува Неделата на грижа за стари лица под мотото „Сите сме нивни деца“.
Црвен крст Охрид се приклучи кон одбележувањето на оваа недела со повеќе активности, при што на редовниот состанок на Клубот на млади одржан средата, во просториите на Црвен крст Охрид, се одржа работилница за плетење во соработка со волонтерите од програмата за грижа за стари лица „Најди време“. На работилницата, волонтерите од програмата „Најди време” ги споделија со младите своите знаења и техники за плетење.
„На постарите волонтери им се заблагодаруваме за одвоеното време и за придонесот. Се надеваме дека меѓугенерациската соработка ќе продолжи и во иднина.“ – се вели во објавата од општинската организација на Црвен крст.