Skip to main content

Црвен крст Охрид

Црвен крст Охрид со повик за јубилејни признанија за крводарителите по повод 17 Март

Црвен крст Охрид доделува јубилејни признанија на крводарители кои дарувале крв 5, 10, 25, 50, 75 и 100 пати
 |  инфодеск  | 

Од Црвен крст Охрид информираат дека по повод 17 Март, Денот на крводарителството во Р.С. Македонија организацијата традиционално им доделува јубилејни признанија на крводарители кои дарувале крв 5, 10, 25, 50, 75 и 100 пати, и ги повикува крводарителите кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања во текот на изминатата 2025 година или кои не го подигнале признанието од минатите години, да се пријават во просториите на Црвен крст Охрид на ул. Димитар Влахов бр. 52, секој работен ден од 8-16 часот.

Пријавувањето е потребно да се изврши со приложување дарителска книшка во која се евидентирани крводарувањата, со што ќе се потврди бројот на крводарувања, а крајниот рок за пријавување за овогодинешните признанија е 5 март 2026 година.

Од таму информираат дека признанијата ќе бидат доделени на пригодна свеченост во втората половина од месец март.

– Црвен крст Охрид изразува огромна благодарност и почит кон сите крводарители, како и кон поединци, фирми и институции кои го помагаат развојот и унапредувањето на крводарителството во Охрид и Дебрца, се вели во нивното соопштение.