Skip to main content

Црвен Крст Охрид ги финализира подготовките за обезбедување на капалиштата со спасители

Иако водата во Охридското езеро се уште не е доволно топла, високите температури на воздухот деновиве ја стартуваа капачката сезона. Центарот за безбедност на вода при Црвен Крст Охрид ги финализира подготовките за обезбедување на капалиштата со спасители. Сите заинтересирани имаат рок да се пријават до 19ти јуни а потоа стратува обуката. Од Црвениот Крст велат дека ќе имаат доволно спасители за да се задоволат потребите на сите плажи кои се издаваат. Сепак останува проблемот што голем број од оние кои стопанисуваат со плажи немаат интерес за нивно ангажирање.
 |  Маја Савиќ  | 
Спасители на вода

Во тек е регрутација на нови кандидати за спасители на вода од страна на Црвен крст Охрид во рамки на подготовките за претстојната летна сезона. Сите заинтересирани кандидати кои треба да се постари од 17 год, да знаат да пливаат и да имаат психо-физички предиспозиции за спорт имаат време до 19 јуни да се пријават. Ова е единствена можност да се обучат и да се стекнат со легитимација за спасител на отворени води, признаена секаде во светот. Да се биде спасител на вода е благородна и хумана професија, вели Арсениј Ѓоршески од Центарот за безбедност на вода при Црвен Крст Охрид.

„Чувството да се биде спасител на вода и да се спаси човечки живот е неопишливо. Би сакал да пратам апел до сите мои врсници кои што имаат наполнето 17 години да се вклучат во семејството на спасители кое гарантира безбедност на сите капачи на Охридското крајбрежје“.veli Арсениј Ѓоршески – спасител на вода.

За ралика од минатите четири години кога интересот за обука на спасители на вода беше минимален, годинава само до овој период се пријавени над 20 млади лица кои ќе ја минат обуката според стандардите на Меѓународната федерација за безбедност на вода. Во Центарот за безбедност на вода во последните 15 години обучени се над 700 спасители на вода, а активни се само 15. Од Црвениот Крст велат дека заедно со новообучените бројката на спасители ќе биде доволна за да се задоволат потребите на сите плажи кои се издаваат. Сепак останува проблемот што голем број од оние кои стопанисуваат со плажи немаат интерес за нивно ангажирање.

„На охридското крајбрежје имаме околу 36 до 39 капалишта кои што се уредени, кои што се користат од страна напосетители-капачи,а на струшката страна имаме некаде 17 капалишта. Минатата година на охридското крајбрежје 10, 12 капалишта ги имаа воспоставено сите услови за безбедно капење, спорт и рекреација, а на струшкиот брег само едно капалиште, за жал. Обврската да се има безбедно капалиште не е само морална, туку и законска обврска на концесионерите на плажите, којашто е срочена во соодветна законска регулатива спроведена од страна на Министерството за транспорт и врски и која се надевам дека ќе ја почитуваат сите концесионери. “ – изјави Сашо Точков – Претседател на Црвен Крст Охрид.

Обуката што ќе ја водат национални инструктори за безбедност на вода, содржи теоретски и практичен дел, а ќе се реализира од 21 до 28 јуни. На сите кои успешно ќе ја завршат обуката и се стекнат со звање спасител на вода, ОО на Црвениот крст од Охрид ќе им обезбеди и понуди платен ангажман како спасител на вода на соодветни капалишта во летната сезона.

Колку значат спасителите на вода за безбедноста на плажите говори податокот што лани само на 12 плажи имале 18 интервенции на извлекување на давеници и преку илјада интервенции на укажување на прва помош.

Спасители на вода
Спасители на вода